Достапни линкови

Aхмети-Годинава невозможно е да има избори


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за тетовската тв Арт изјави дека до крајот на оваа година невозможно е да се организираат и спроведат избори.Според Ахмети лидерската четворка има договор датумот за избори да го прецизира до декември.

„Договорено е со почетокот на декември да има согласност од страните кога ќе треба да се одржат изборите. Дали ќе се одржат во 2018 или 2017, тоа не можам да го прогнозирам. Годинава незвоможно е да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи.“ – вели во интервјуто Ахмети

Датумот на избори и форматот на Владата што ќе треба да ги организира, ќе бидат главни теми на лидерската средба што треба да се одржи следната недела.

XS
SM
MD
LG