Достапни линкови

Судот го одби барањето на СЈО за Груевски и Јанакиевски


Поранeшениот премиерот Никола Груевски пристигна на распит во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „ТНТ“ за уривањето на комлексот Косомос.

Поранeшениот премиерот Никола Груевски пристигна на распит во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „ТНТ“ за уривањето на комлексот Косомос.

Основниот суд ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасоши на осомничените во предметот ТНТ. Судијата на претходна постапка го одби барањето како неосновано и одлучи да не определи мерки за претпазливост, се вели во соопштението на Основниот Суд Скопје 1. Претходно Специјалното обвинителство побара од судот да им изрече такви мерки на осомничените во случајот, односно за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.

„Во рок од 24 часа СЈО има право да поднесе жалба до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје “ се вели во соопштението.

Денеска во судот беше повикан на распит Груевски, кој по распитот изјави дека не чустува вина, и дека сето ова е само за да го оцрнат неговото име во јавноста.

„Бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата. Не знам дали некој верува во тоа, но се гледа дека СЈО прави чекори кои се нарачани и најверојатно тоа го посакува нивниот нарачател кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови “ рече Груевски кој не одговараше на новинарски прашања. Брзам на настан во друга прилика, рече тој на обидот да се постави прашање.

Специјалното јавно обвинителство во април го објави случајот ТНТ за уривањето на објектот „Космос“, кој беше во сопственост на бизнисменот и лидер на политичката партија ПЕИ Фијат Цаноски во 2011 година.

XS
SM
MD
LG