Достапни линкови

logo-print

Основниот суд одби да даде притвор за осомничените во Тврдина


Основниот суд Скопје 1 соопшти дека со допис се обратиле до Специјалното јавно обвинителство, бидејќи во предлозите на СЈО за определување мерки притвор и мерки за претпазливост во предметот „Тврдина“ против осомничените не доставиле докази на кои се повикуваат на наредбата за спроведување на истражна постапка.

„Односно докази на кои се базира основаноста на сомнението на начин што ќе биде образложено дали кривичните дела произлегуваат од конкретна содржина на незаконското следење на комуникации, за кој период, како и да ја презентираат содржината, како би се утврдило дали предлогот за определување мерка притвор и предлогот за определување мерки за претпазиливост се поднесени од овластен тужител во смисла на член 166 од ЗКП и член 17 ст. 1 од ЗКП вв со чл. 2 и чл. 5 ст. 1 од Законот за СЈО“, велат од судот.

Во соопштението се додава дека од причини што во предлозите се наведуваат кривични дела наводно сторени во периодот по 25.02.2015 година и во периодот на втората половина на 2015 година, до средината на март 2016 година, а во смисла на член 2 од Законот за СЈО каде е наведено дека „Неовластено следење на комуникации се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15.07.2015 година“.

Судијата на претходна постапка го задолжува обвинителот да ги уреди предлозите во рок од 3 дена по приемот на барањето за уредување од страна на судот.

Основен суд Скопје 1 соопшти дека постапил и по предлогот на СЈО во случајот „Транспортер“ за укинување на мерката куќен притвор за осомничениот С.Б. и против осомничениот предложил да бидат определени мерки на претпазливот, како мерки за обезбедување на негово присуство во текот на постапка.

На предлогот на СЈО судија на претходна постапка донесе решение со кое го уважува предлогот и ја укинува мерката куќен притвор и определи мерки за претпазливост, забрана за напуштање на живеалиште, престојувалиште, одземање на патна исправа и обврска обвинетиот да се јавува во судот во Битола“, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

XS
SM
MD
LG