Достапни линкови

Најмалку четворица загинати во нов терористички напад во Авганистан


Повредено дете во експлозијата во провинцијата Нангахар.

Повредено дете во експлозијата во провинцијата Нангахар.

При експлозија во џамија во село во Авганистан загинаа најмалку четири луѓе и повредени се околу 40 други во провинцијата Нангахар, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Експлозијата се случила кога локалните жители на селото Хисира се собрале на петочната молитва.

Имамот на џамијата е меѓу загинатите, велат од Министерството потенцирајќи дека „терористичкиот напад“ бил спроведен од страна на непријателите на авганистанскиот народ.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG