Достапни линкови

Аболициите укинати, Груевски на распит


Поранeшениот премиер Никола Груевски пристигна на распит во Кривичниот суд во Скопје

Поранeшениот премиер Никола Груевски пристигна на распит во Кривичниот суд во Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски попладнево пристигна на распит кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот на СЈО „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос. Околу Судот има големо полициско обезбедување. Груевски во судот пристигна со адвокати и со портпаролот на Владата Александар Георгиев.

Претседателот Ѓорге Иванов прво го помилува Груевски, заедно со уште 55 луѓе, но пред неколку дена ги поништи аболициите. Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека ги примило одлуките за поништување на помилувањето и оти постапките продолжуваат.

СЈО соопшти дека во случајот ТНТ за уривањето на Космос се спроведува истражна постапка против три лица, а поднесени се и предлози за определување мерка за претпазливост против истите. Истрага се води против поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и против градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски.

XS
SM
MD
LG