Достапни линкови

logo-print

Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО


Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера доставило пет предлози за определување мерки за обезбедување присуство. Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по нив, а лицата ќе бидат повикани во судот, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Се предлага мерка притвор за Г.Г., како и предлог за определување мерки за претпазливост за Г.Ј.,Т.Ј.,Н.Б. и В.С., кои се однесуваат на предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“.

Се предлага определување мерка притвор за В.Т во однос на предмететот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, а мерки за претпазливост за Н.Г., М.Ј. и Т.Т. во однос на предметот на СЈО во јавноста познат како „ТНТ“.

„Предлог за определување мерки за претпазливост има за лицата И.А., Н.С., Ф.А., П.М., Ј.Б. и М.Ш. во однос на предметот на СЈО во јавноста познат како „Тортура“, за кој Кривичниот совет, по претходно поднесен предлог за истите лица, на 08.06.2016 година донесе одлука предметот да се врати на повторно одлучување кај судија на претходна постапка, како што информиравме во претходното соопштение, при што по овие два предлога ќе постапува судија на претходна постапка во единствена постапка“, стои во соопштението.

Сите предлози, соопшти Кривичниот суд, се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во судот. - Со оглед дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период, додаваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

XS
SM
MD
LG