Достапни линкови

Морнарицата на САД го зголемува присуството на Медитеранот


Американскиот носач на авиони „Двајт Д. Ајзенхауер.“

Американскиот носач на авиони „Двајт Д. Ајзенхауер.“

Армијата на САД овој месец ќе има два носачи на авиони во Средоземното Море во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава, додека Вашингтон се обидува да ги балансира руските воени активности и да ја забрза борбата против групата на Исламската држава (ИД), пренесува Ројтерс.

Американскиот носач „Двајт Д. Ајзенхауер“ е на пат кон заливот каде во моментов се наоѓа носачот „Хари С. Труман, којшто потоа ќе се врати назад во САД по осуммесечно проширено распоредување, соопштија претставници на морнарицата.

Потегот се совпаѓа со воените вежби во источна Европа и Турција, по чие завршување треба да бидат потврдени одбранбените планови на НАТО коишто беа договорени манатата година, изјави висок претставник на одбраната на САД.

Настаните најверојатно ќе ги подигнат тензиите меѓу Русија и САД.

XS
SM
MD
LG