Достапни линкови

Хајндл - Има излез од кризата, но вие не излегувате


Добра вест е дека има излез од кризата, а тоа е Договорот од Пржино, но лоша е што таа сè уште трае и ја осакатува земјата, рече денеска германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, кој порача дека времето истекува.

Тој ја поздравуви одлуката на претседателот Иванов да ги повлече сите аболиции, за партиите да може да се посветат на договореното во Пржино.

„Прво, партиите треба да се договорат за датум за изборите и да го направат тоа што е потребно за спроведување слободни и фер избори. Второ, на Специјалното јавно обвинителство мора да му биде овозможено да го исполни својот мандат без опструкции и трето, партиите мора да се договорат без одложување за спроведување на реформите нотирани во извештајот на Прибе“, рече Хајндл, посочувајќи дека лидерите на партиите треба да го стават интересот на земјата на прво место и да ги спроведат потребните реформи за државата да се придвижи напред.

XS
SM
MD
LG