Достапни линкови

Хајндл на средби со лидерите: Реализацијата на Пржино единствен излез од кризата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

На денешната средба на претседателот на СДСМ Зоран Заев со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл било посочено дека единствен излез од политичката криза е реализација на преземените обврски со Договорот од Пржино од страна на потписниците и дека врвен приоритет за Македонија е организација и спроведување фер и регуларни избори.

„За таа цел неопходно е да организира Влада за исполнување на условите за избори и нивно спроведување и да се дефинираат прецизни рокови за клучните услови за фер и регуларни избори, а тоа се пред се прочистување на Избирачкиот список и обезбедување објективно известување од медиумите“, рекол Заев, соопшти СДСМ.

Тој рекол дека со политичка волја од сите страни е можно ефикасно прочистување на Избирачкиот список и обезбедување услови за медиумско балансирано известување.

„На Македонија и се потребни брзи регуларни избори, што ќе ги организира и спроведе, како што предвидува Договорот од Пржино, Влада којашто ќе биде гарант дека ќе биде испочитувана слободната волја на граѓаните. Оваа Влада којашто спроведувала криминални избори досега, ја изгуби довербата и легитимитетот за тоа“, рече Заев.

На средбата, според партиското соопштение, заеднички е констатирано дека целосното повлекување на незаконската аболиција беше неопходност и отвора пат за функционирање на правната држава, но дека се потребни и соодветни реформи што ќе го обезбедат непреченото спроведување на правдата.

Специјалниот пратеник денеска се сретна и со претседателот на државата Ѓорге Иванов

„Нема повеќе место за алиби, изговори и избегнување на обврските од договорот од Пржино. Политичките чинители треба да покажат конструктивност, одговорност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата“, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања на политички план во Република Македонија, како и за можностите и начините за надминување на предизвиците на политичката сцена во земјата.

Амбасадорот Хајндл ја поздравил и упатил честитки за одлуката на претседателот Иванов за поништување на одлуките за помилување - ослободување од гонење без спроведување на постапка, со што се отвори можност за фокусирање кон обврските од договорот од Пржино.

Иванов, пак, изразил очекување дека неговата одлука ќе придонесе за надминување на политичката криза.

Во таа насока, како што се наведува во соопштението, двајцата соговорници се согласиле за потребата за спроведување на обврските од договорот од Пржино, како и неопходните реформи, кои се единствениот начин за излез од политичката криза.

Специјалниот пратеник Хајндл попладнево имаше средби со премиерот Емил Димитриев, како и со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според најавата од германската амбасада тој исто така треба да има средби и со со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со специjалната обвинителка Катица Jанева, и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

XS
SM
MD
LG