Достапни линкови

logo-print

Хајндл во нова посета на Македонија


Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска повторно доаѓа во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино. Како што информираат од Германската амбасада, Хајндл за време на дводневната посета на Македонија ќе се сретне и со претставници на меѓународната заедница, а предвидени се и разговори со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со специjалната обвинителка Катица Jанева.

Според најавата, специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, утре треба да даде изjава за медиумите.

Тоа ќе биде трета посета на Хајндл на Македонија во последните 30 дена. На 12 мај тој имаше средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, а при втората посета на 20 мај, покрај со партиските челници, разговараше и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

XS
SM
MD
LG