Достапни линкови

Иванов: Предизвикот со мигрантската криза треба да се менаџира


Мигранстката криза и предизвиците со враќањето во регионот на борците од Балканот кои учествуваат во ИСИЛ на боиштата во Сирија и Ирак биле меѓу темите за кои се разговарало на самитот на процесот Брдо-Бриони кој се одржува денеска во Сараево.

Како што јави дописникот на МИА претседателот Ѓорге Иванов кој учествува на самитот рекол дека мигрантската криза треба да се менаџира и тоа на дневна основа, а дека Македонијадобро се снашла со мигрантите, но очекувале поддршка и помош за тоа што следува.

“ Укажавме дека ние како Македонија ги истрошивме сите наши ресурси, затоа што нашата Армија и полиција ги користат буџетските средства кои се однесуваат на безбедносниот аспект на кризата. Хуманитарниот аспект го покриваат хуманитарните организации, меѓународни организации, наши домашни компании, хумани луѓе... Но, веќе сме исцрпени. Ако дојде втор бран мигранти тогаш мора да се најде начин многу поефикасно да се пристапи, многу побрзо да се менаџира целиот тој процес, затоа што кога беше првиот бран имавме многу неусогласеност на европските институции, нивното функционирање и бавно реагирање за изнаоѓање решение”речеИванов.

„Брдо бриони процесот“ со секое негово одржување, според шефот на македонската држава, станува еден од најсериозните форуми од нашиот регион бидејќи, како што рече, секогаш доаѓаат гости од членки на ЕУ кои изворно од претседателите на регионот можат да ги слушнат сите прашања и предизвици со кои се соочува секоја земја од регионот. Тој најави дека следниот „Брдо - Бриони процес“ ќе биде во Македонија.

На состанокот, на кој специјален гостин беше претседателот на Италијанската Република Матарела, учествуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ, претседателите на Хрватска Колинда Грабар- Китаровиќ,на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишании и на Косово Хашим Тачи.

XS
SM
MD
LG