Достапни линкови

Штајнмајер предлага постепено намалување на санкциите кон Русија


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер предлага Европската унија постепено да ги намалува санкциите за Русија ако Москва преземе чекори за исполнување на своите обврски од договорот за надминување на конфликтот во Украина. Тој нагласи дека се надева оти до крајот на јуни ќе имало ќе имало напредок и дека ќе можело да се види дали потребно намалува на санкции чекор по чекор, или пак ќе се останело на мерките какви што се сега.

Тој ова го кажа вчера при посетата на Талин. Штајнмајер претходно изјави дека отпорот кон санкциите расте во ЕУ така што барањето согласност од сите 28 земји членки пред истекувањето на санкциите минатиот месец ќе биде тешко без компромис.

Неговата изјава за тргнување на дел санкции кон Москва е спротивна од изјавите на британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кои неделава рекоа дека очекуваат санкциите да се продолжат без никакви измени.

XS
SM
MD
LG