Достапни линкови

logo-print

Обама очекува да продолжат насилствата на Талибанците


Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека веројатно во блиска иднина Талибанците нема да седнат на маса со авганистанската Влада на мировни преговори.

Обама денеска говореше на маргините на Самитот на Г7 во Јапонија, еден ден откако Талибанците го назначија Мула Хаибатул Ахунџад за нов лидер. Ахунџад го замени Мула Актар Мансур, кој минатата недела беше убиен во напад со дрон на САД.

„Мојата надеж, иако не и моите очекувања, е тоа дека доаѓа момент кога Талибанците признаваат дека едноставно нема да бидат во можност да ја освојат земјата и дека она шт отреба да го направат е да влезат преговори за помирување“, рече Обама додавајќи дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

XS
SM
MD
LG