Достапни линкови

Русија ја ослободи украинската пилотка Надја Савченко


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека авионот со кој патуваше пилотката Надја Савченко слетал во Киев по размена на затвореници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Савченко е помилувана од страна на претседателот Владимир Путин.

Посков додаде дека авионот со кои патуваа двајцата руски затвореници во Украина, исто така слетал во Москва.

Русија во март ја осуди Савченко на 22 години затвор, откако беше прогласена за виновна за вклученост во убиство на двајца руски новинари во источна Украина.

Пилотката отфрли било каква вклученост во инцидентот, велејќи дека била киднапирана и нелегално донесена во Русија.

Украина осуди двајца Руси, Александар Александров и Евгениј Јерофејев, на 14 години затвор за обвиненија за учество во борби со про-руските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG