Достапни линкови

logo-print

Меркел: Глобалниот хуманитарен систем не функционира


Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во Истанбул повика да се прекине праксата на непочитувањето на ветувањата за финансиска помош и повика да се создаде функционален систем за гарантирање на финансирањето.

„Мошне често се даваат ветувања за донации, но парите за реализирање на проектите не стигнуваат до местото за кое се наменети. Тоа треба да престане“, рече Меркел на првиот Самит за хуманитарни прашања во Истанбул.

Таа нагласи дека сегашниот глобален систем за обезбедување хуманитарна помош не функционира и повика да се преземе нешто за да се гарантира брза и ефикасна доставка за помош за луѓето, кои имаат потреба во време на криза, јави ДПА.

Меркел го критикуваше и нарушувањето на меѓународното хуманитарно право во зоните на вооружените конфликти.

„Во Сирија и на други места се бомбардираат болници и медицински центри, гинат луѓе“, додаде таа.

XS
SM
MD
LG