Достапни линкови

На Хиос во изминатите 24 часа пристигнале 99 мигранти


Мигранти на грчкиот остров Хиос.

Мигранти на грчкиот остров Хиос.

Мигрантите кои продолжуваат да пристигнуваат и создаваат проблеми на грчките острови во Егејско Море, објавија грчките медиуми.

На островот Хиос во моментот има 2.500 бегалци и мигранти за кои нема место за смествување.

Началникот на локалната полиција вчера поднесе оставка поради ситуацијата со мигрантите.

Жителите на островот се незадоволни, а процедурата за разгледување на молбите за азил споро се одвива.

Во последните 24 часа на Хиос пристигнале 99 мигранти, а 50 бегалци почнаа штрајк со глад барајќи да останат отворени границите кон Европа.

XS
SM
MD
LG