Достапни линкови

Хојт Ји утре во Македонија


Утре во Македонија доаѓа заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, потврдија за Радио Слободна Европа од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Засега не се знае неговата агенда и со кој се ќе се сретне во земјава. Тој доаѓа во време на сериозна политичка криза, закажани избори на петти јуни на кои ќе учествува само ВМРО ДПМНЕ и засега неуспешни обиди да се најде начин за промена на датумот на изборите и повлекувањето на аболиција од претседателот Ѓорге Иванов.

Последен пат Ји во Македонија беше во март годинава кога разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино. Тогаш тој порача дека одблиску ги следат подготовките за изборите, состојбата во медиумите, одвојувањето на партијата од државата и работата на Специјалното обвинителство.

XS
SM
MD
LG