Достапни линкови

СЈО негира дека го повикале на разговор директорот на УБК


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) соопшти дека директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Љупчо Андонов не е повикан на разговор во СЈО.

„По однос на бројните прашања кои денеска беа поставени до ова Јавно обвинителство ве известуваме дека моменталниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андонов, не е повикан во ова Јавно обвинителство и информациите кои кружат во јавноста дека наводно бил денеска на распит, не се точни“, наведува во соопштението СЈО.

Соопштението од СЈО следува по објавени информации дека Андонов денеска наводно бил повикан на разговор во Специјалното обвинителство.

XS
SM
MD
LG