Достапни линкови

Можен договор за обединување на Кипар


Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадис и Мустафа Акинџи во заедничка изјава рекоа дека како никогаш досега се посветини на решавање на проблемот на Кипар и изразија оптимизам дека е можен договор за обединување на островот до крајот на 2016 година.

Во заедничкото соопштение објавено денеска, лидерите на двете кипарски заедници изразуваат задовоство од текот на преговрите во изминатава година и нагласуваат дека се подготвени „да ги демонстрираат неопходните волја и поттик за надминување на разликите во ставовите“ што се уште постојат меѓу нив.

Анастасијадис и Акинџи нагласуваат дека секој договор за обединување на Кипар мора да ги земе предвид ставовите на двете кипарски заедници, кои се поделени од 1974 година со турската инвазија на осторовот, чија цел беше да спречи негово припојување кон Грција.

XS
SM
MD
LG