Достапни линкови

logo-print

ДУИ со уште една иницијатива до Уставниот суд


ДУИ во понеделник ќе поднесе уште една иницијатива до Уставниот суд за поништување на одлуката за самораспуштање на Парламентот. Во неа партијата ќе ги вметне и забелешки на ДИК, дека во три изборни единици има отстапувања од дозволениот број на гласачи по изборна единица .

Дописот на ДИК, пристигнал во парламентот.Но од кабинетот на спикерот Вељановски го повторуваат ставот дека нема уставна можност за свикување на собранието.

СДСМ денеска побара Собранието итно да продолжи со работа .

- Има многу правни основи за тоа,но нема политичка воља зашто ВМРО ДПМНЕ знаат што правеле и што следи, изјави потретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Според ВМРО ДПМНЕ денешниот прес на Дамјан Манчевски е само потврда на последните анкети во кои се гледа дека СДСМ е во агонија и тоне се подлабоко. СДСМ нема никаква поддршка од граѓаните, се вели во партиското соопштение.

Единствен учесник на изборите закажани за 5 јуни е ВМРО ДПМНЕ, откако денеска Социјал демократската партија на Македонија ги повлече кандидатските листи а Народното движење на Македонија не ги отсрани неправилностите во предвидениот рок.

XS
SM
MD
LG