Достапни линкови

САД почнува со инсталирање на противракетен штит во Полска


САД денеска ќе ги постави темелите на воената инсталација во Полска, која ќе биде дел од големиот европски противракетен штит на НАТО.

Вашингтон соопшти дека тој ќе биде поставен за заштита на НАТО од ракети со краток и среден дострел, особено од Блискиот Исток.

Русија силно се противи на поставувањето на системот, велјеќи дека тој ќе се користи против Москва и дека ќе ја наруши стратешката регионална рамнотежа.

Рускиот претседател Влдимир Путин денеска истакна дека противракетниот штит на САД во Европа ќе ја присили Москва на ставање на крај на заканите во врска со безбедноста на Русија.

Но, тој изјави дека Русија нема да биде вклучена во нова трка за вооружување.

XS
SM
MD
LG