Достапни линкови

Трамп бара обединување на Републиканската партија


Доналд Трамп се сретна со избраниот лидер на Републиканската партија Пол Рајан во обид за обединување на партијата пред претседателските избори во Соединетите држави. Милијардерот од Њујорк сака да ја добие номинацијата на републикански кандидат за изборите за Белата куќа во ноември годинава. Меѓутоа, некои републикански лидери, вклучувајќи ги поранешните претседатели Џорџ Буш и Џорџ Буш помладиот, страхуваат дека антиимигрантските, антимуслиманските и сексистички ставови на Доналд Трамп би можело да значат катастрофа за партијата. Сепак, по средбата на Трамп со Рајан кој е спикер на Претставничкиот дом беше соопштено дека тие ќе работат заедно и покрај разликите.

XS
SM
MD
LG