Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ достави кандидатски листи


Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа пред полноќ ги поднесе до Државната изборна комисија кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 5 јуни. Само ВМРО ДПМНЕ од четири најголеми политички партии во државата, кои се потписнички на Пржинскиот договор, поднесе кандидатски листи. СДСМ, ДУИ и ДПА не го сторија тоа. Носител на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единица е претседателот на партијата, Никол Груевски, во втората актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски, во третата координаторот на пратеничката група Илија Димовски, во четврттата министерот за здравство Никола Тодоров, во петтата Антонио Милошоски и во шесттата изборна единица Влатко Ѓорчев.

XS
SM
MD
LG