Достапни линкови

logo-print

Германскиот претставник Хајндл во Скопје


министерот за надворешни работи Никола Попоски

министерот за надворешни работи Никола Попоски

Германската амбасада во Скопје соопшти дека германскиот специјален претставник за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре во Скопје ќе разговара со претставници на четирите партии, потписнички на Пржинскиот договор. Во соопштението се наведува дека Хајндл ќе има средби и со амбасадорот на САД Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ. Претходно, министерот за надворешни работи Никола Попоски, посетата на Хајндл ја оцени како позитивен сигнал од Берлин. „Се работи за позитивен сигнал со самиот факт што Германија покажува интерес дека сака да биде подиректно вклучена во процесите кои се случуваат во нашиот поширок регион и конкретно во Македонија“, изјави Попоски.

XS
SM
MD
LG