Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со умерена, а на места и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер, особено во југоисточните делови. Доцна попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најпрво во западните, а потоа и во источните делови. Утринската температурата ќе се движи од пет до 13, а дневната од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена, а попладне и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Доцна попладне ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 26 степени.

XS
SM
MD
LG