Достапни линкови

Тенкови на САД пристигнаа во Грузија за заеднички воени вежби


Армијата на САД распореди тенкови од типот „Абрамс“ во Грузија. Тенковите денеска беа истоварени на пристаништето „Поти“ на Црното Море, за одржување на заедничките воени вежби со силите на Грузија и на Велика Британија.

Исто така во Грузија ќе бидат рапоредени и околпни возила од типот „Бредли“, како и возила за поддршка, кои беа испратени преку Црното Море од членката на НАТО, Бугарија.

Воените вежби од 11 до 26 мај ќе се одржат под името „Нобл партнер 2016“

Грузиското министерство за одбрана соопшти дека главната цел на операцијата е да се зголеми способноста на грузиските сили за да работат како дел од силите на НАТО.

Властите во Тбилиси велат дека 1.300 војници ќе учествуваат во вежбите, вклучително 650 од САД, 650 грузиски трупи и 150 британски војници.

XS
SM
MD
LG