Достапни линкови

logo-print

Протест пред СЈО за демократизација на институциите


Стотина граѓани и денеска се собраа на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а на демонстрантите им се приклучи и поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере.

Тој изрази подршка за работата на СЈО и изјави дека не се исполнети условите за избори на 5 ти јуни.

Демонстрантите бараат оржување на фер и демократски избори како услов за демократизација на институциите и затоа тие ќе се упатат да протестираат пред Државната изборна комисија (ДИК).

Протести исто така се најавени во Штип, Велес, Тетово, Битола, Струмица, Радовиш и Гевгелија, а ќе се приклучат и земјоделци од Крива Паланка и Облешево кои планираат блокади на патиштата, се вели во најавата на социјалните мрежи на граѓанското движење „Протестирам.“

За денеска се најавени и контрапротести. Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) на социјалните мрежи најави протести во 19 часот во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово.

Нивните барања се: „Изборите се единственото решение за крај на агонијата во која се наоѓа Макеоднија. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина“, се вели во најавата.

XS
SM
MD
LG