Достапни линкови

logo-print

Нови жртви во источна Украина


Илустрација: Доњецк

Илустрација: Доњецк

Еден украински војник е убиен, а неколкумина се ранети на истокот на земјата, соопшти денеска украинската влада. Проруските сепаратисти и владините сили во источна Украина се согласија на прекина на огнот што треба да почне на Велигден, односно ноќеска на полноќ. Украинските власти соопштија дека сепаратистите ноќеска со артилерија гаѓале кон владините позиции на неколку локации, вклучително и во предградијата на Доњецк. Сепаратистичката Доњецка новинска агенција, пак, објави дека владините сили бомбардирале пред стапувањето на прекинот на огнот на полноќ. Во двегодишниот конфликт во Украина досега загинаа повеќе од 9.300 луѓе, а владините сили и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.

XS
SM
MD
LG