Достапни линкови

Курдските бунтовници убија турски војници


Тројца турски војници се убиени, а 14 се повредени во денешниот напад во курдскиот југоисточен дел од страна на бунтовниците на забранетата Курдската работничка партија, изјавија од турската армија. Нападот се случил во област која се наоѓа на само два километри од границата со Сирија, каде што е во тек воена операција на армијата.

Насилството во југоисточниот дел на Турција се зголеми откако во јули 2015 беше прекинат мировниот процес меѓу државата и бунтовниците на забранетата Курдска работничка партија.

XS
SM
MD
LG