Достапни линкови

logo-print

Грузија е за Западот и за Москва


Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили изјави дека неговата земја останува на прозападниот пат и покрај обновата на некои врски со Москва. Во интервју за новинската агенција Асошиетед прес тој повтори дека иднината на пост советските држави лежи во ЕУ и НАТО. „Тоа не значи дека ние не треба да се обидеме да ги нормализираме односите со Русија, нашиот сосед, но не на сметка на грузискиот територијален интегритет“, рече Квирикашвили кој му е близок соработник на милијардерот Бидзина Иванишвили, руски могул во металската индустрија и лидер на партијата која ја отстрани владата на претседателот Михаел Саакашвили во 2012 година.

XS
SM
MD
LG