Достапни линкови

Лидерите на ЕУ и САД за поморска мисија на НАТО кај Либија


Лидерите на САД, Германија, Италија, Британија и Франција во понеделникот во Хановер ги повикаа НАТО и ЕУ да соработуваат во контролата на бранот мигранти од Либија. Според италијанскиот премиер Матео Ренци, американскиот претседател Барак Обама се согласил со планот за НАТО патроли кај брегот на Либија за да се спречи активноста на шверцерите на луѓе и да се намали бранот мигранти во Европа. НАТО веќе води поморска операција во Егејско море во борбата против шверцери на мигранти меѓу Турција и Грција.

XS
SM
MD
LG