Достапни линкови

Обама на состанок со европските лидери


Американскиот претседател Барак Обама го почнува последниот ден од неговата последна посета на Германија како претседател со обиколка на светски најголемиот индустрискиот саем во Хановер. Тој притоа ќе биде придружуван од германската канцеларка Ангела Меркел. Пред Германија, Обама престојуваше во Саудиска Арабија и Британија, а оваа турнеја доаѓа пред самитот на НАТО во јули во Варшава. По говорот на индустрискиот саем Обама и Меркел ќе имаат состанок со францускиот претседател Франсоа Оланд, и со премиерите на Британија и Италија Матео Рензи и Дејвид Камерон. Овој мини самит ќе биде посветен на начините за решавање на проблемите со кои се соочува светот.

XS
SM
MD
LG