Достапни линкови

Каримова треба да врати пола милијарда долари


Гулнара Каримова

Гулнара Каримова

Американски обвинители соопштија дека ќерката на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов и неколку негови соработници не го исполниле барањето на судот да вратат повеќе од 500 милиони долари кои се наоѓаат во швајцарски банки како дел од истрагата за перење на пари.

Во барањето поднесено на 21 април до американскиот суд во Менхетен за прв пат е наведено името на Гулнара Каримова во јавно достапен документ. Таа е најстарата ќерка на Каримов. Во документот наведени се и имињата на нејзиниот бизнис соработник Гајан Авакјан и Рустам Мадумаров, кој е идентификуван како нејзин партнер.

XS
SM
MD
LG