Достапни линкови

Лавров: Изјавите на Турција за Нагорно Карабах се неприфатливи


Русија го критикуваше турското лидерство за давање „апсолутно неприфатливи“ коментари, за време на разгорениот конфликт меѓу сепаратистите поддржани од Ерменија и силите на Азербејџан, околу отцепениот регион Нагорно Карабах.

„Ова не се апели за мир туку за војна“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по разговорите со неговиот ерменски колега Едвард Налбандијан во Ереван.

Примирјето на 5 април ги запре четиридневните жестоки борби, но се уште има спорадични истрели.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција „стои рамо до рамо со нашите браќа во Азербејџан“ „Карабах еден ден ќе се врати кај неговите оригинални сопственици, ќе биде азербејџански“, рече Ердоган приотоа обвинувајќи ја Русија дека е на страната на Ерменија во конфликтот.

Односите меѓу Турција и Русија драстично се влошија, откако во ноември Анкара го собори рускиот авион во близина на границата на Сирија.

XS
SM
MD
LG