Достапни линкови

logo-print

Протести на ГДОМ во Кавадарци, Битола и Охрид


Архивска фотографија од протестот на ГДОМ во Скопје.

Архивска фотографија од протестот на ГДОМ во Скопје.

По пауза од еден ден и ГДОМ се врати со протестите. Поддржувачите на организацијата и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ протестираат во Кавадарци , Битола и Охрид. На протестот во Охрид, како и на собирите во останатите градови на Македонија беа повторени барањата на граѓанската асоцијација за повлекување на одлуките на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на лидерот на СДСМ Зоран Заев и Зоран Верушески, како и за одржување на изборите на 5 јуни, како единствен начин за надминување на политичката криза во земјата.

На контрапротестот пред Општина Охрид на граѓаните им се обрати Мирко Томоски, активист на ГДОМ, кој меѓу другото рече дека секој човек треба да ја сака и да застане на браникот на својата татковина.

„Ние не сме тука партиски. Јас не сум член на нита една партија. Пораката е прво да се сплотиме сите што сме Македонци. Сите Македонци да бидеме едно со една идеја, со една мисла да си ја зачуваме нашата татковина, бидејки ние друга немаме ни остана само едно парче, рече тој.

XS
SM
MD
LG