Достапни линкови

Чавушоглу: Ако не се одржат ветувањата го откажуваме договорот со ЕУ


Турција ќе го откаже договорот со Европската Унија за мигрантите доколку Брисел не ги исполни сите свои ветувања, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Согласно договореното, Анкара ќе ги преземе назад сите илегални мигранти кои ќе преминат кон Грција, вклучително и Сиријците, а во замена ЕУ ќе преземе илјадници сириски бегалци директно од Турција и на земјата ќе и исплати уште поголема парична помош, ќе дозволи безвизен режим за нејзините граѓани и напредок во преговорите за членство во ЕУ.

ЕУ се согласи и да ја забрза исплатата на три милијарди евра кои од претходно и беа ветени на Турција, како и да исплати дополнителни три милијарди до 2018 година, откако Анкара ќе понуди листа на проекти кои би се квалификувале за помош од ЕУ.

XS
SM
MD
LG