Достапни линкови

Верските заедници повикуваат на дијалог и смиреност


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Лидерите на верските заедници во Македонија упатија апел за конструктивен дијалог, смиреност и воздржаност од дејствија кои се штетни за државата и граѓаните на Република Македонија. Тие денеска имаа зедничка средба, на која главна тема беше актуелната политичка состојба беше.

Тие изразија загриженост поради зачестените појави на ксенофобија, антисемитизам, исламофобија и христијанофобија, како и омраза на говор насочени против припадници на одредени верски заедници и ентитети, но и воопшто.

„Загрижувачка е и претставува основа за дискриминација и насилство и појавата на изедначување на оние кои, узурпирајќи одредена религија, сеат терор, убиваат и шират радикализам, со оние кои се искрени припадници на истата религија, оценија поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници.

XS
SM
MD
LG