Достапни линкови

logo-print

ЕУ ги продолжи санкциите против Иран


Европската унија ги продолжи за уште една година санкциите против Иран поради непочитување на чоековите права. Во денешното соопштение ЕУ вели дека во акцијата се опфатени 82 луѓе и еден ентитет. Исто така се наведува дека 28 земји членки наметнуваат замрзнување на финансиските средства и забрани за патување против Иран од 2011 година во врска со „сериозно нарушување на човековите права“ и овие мерки се ажурираат редовно. Минатиот месец Иран луто реагираше на последниот извештај на Обединетите Нации за човековите права во земјата, велејќи дека е подготвен дискриминаторски и оти е базиран на политички мотиви. Во извештајот се воели дека Иран во 2015 година извршил околу 1000 егзекуции, што е највисока стапка во две децении, многу од нив малолетници. ЕУ беше посредник на договорот од јули 2015 со Иран, според кој Техеран се согласи да запре својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции.

XS
SM
MD
LG