Достапни линкови

Вучиќ: На работ сме да ги загубиме изборите и други да формираат влада


Српскиот премиер и претседател на Српската напредна партија (СНС) денеска изјави дека е на прагот да ги загуби изборите, односно други да формираат влада без листа околу СНС, но остана на ставот дека немало да прави компромиси со оние, кои како што рече, сакале да ја вратат Србија во минатото. Тој во денешната утринска програма на телевизија „Пинк“ истакна дека според последните податоци кои ги видел синоќа, се наоѓа на „апсолутен раб“ да ги загуби изборите. Лидерот на СНС порача дека не сакал со никого да прави компромис, ниту лоша политика само за да биде на власт. Тој истакна дека изборите не биле игра, прашање на духовити изјави, претстава за деца во која некој требало да ве насмее, туку како што рече, тоа било можност да се одлучи каков живот ќе има народот во Србија.

XS
SM
MD
LG