Достапни линкови

Руски авиони нападнале позиции на Фронтот Нусра во Сирија


Руското министерство за одбрана соопшти дека воени авиони нападнале позиции на Фронтот Нусра во близина на сирискиот град Алепо. Со тоа, како што е оценето, бил спречен обид на оваа исламистичка организација поврзана со Ал Каеда да покрена офанзива во регионот. Според министерството, стотици милитанти извршиле напад врз курдските борци во Алепо, при што убиле 18 цивили. До ова дојде откако Фронтот Нусра ја потврди смртта на Абу Фирас ал Сури, една од водечките фигури во организацијата во американски воздушен напад во провинцијата Идлиб.

XS
SM
MD
LG