Достапни линкови

Турски војник повреден во напад на ИД


Еден турски војник е полесно повреден кога припадници на џихадистичката група Исламска држава денеска од сириска територија отвориле оган врз група турски војници во југоисточниот округ Газиантеп. Како што јавија турските медиуми, Вооружените сили на Турција одговориле на нападот со артилериски оган врз позиции на сириска територија. Турција, која се соочува со бројни закани за нејзината безбедност е во состојба на зголемена готовност, откако оваа година во земјата беа извршени четири самоубиствени бомбашки напади, од кои за два одговорност презеде ИД. Газиантеп се наоѓа во близина на турската граница со територија на Сирија што е под контрола на ИД.

XS
SM
MD
LG