Достапни линкови

И покрај примирјето и натаму борби во Нагорно Карабах


Сепаратистичките сили во Нагорно Карабах покренале контра офанзива и соопштија дека повторно го освоиле стратегискиот рид во борбите што почнаа деновиве меѓу азербејџанските и ерменските сили. Во меѓувреме Азербејџан прогласи едностран прекин на огнот. Станува збор за најголеми борби во изминативе две децении откако крвавиот етнички конфликт заврши со примирје. Во најновите насилства загинаа најмалку 18 ерменски и 12 азербејџански војници.

XS
SM
MD
LG