Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ/ОДИХР ја почна набљудувачката мисија за предвремените избори


Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска официјално ја започна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 5 јуни. Мисијата е предводена од амбасадорот Јан Петерсен и се состои од главен тим од 12 експерти од 10 земји членки на ОБСЕ со седиште во Скопје и 24 долгорочни набљудувачи кои следната недела треба да допатуваат во Македонија и кои ќе бидат распоредени низ целата земја во тимови по двајца. Петерсен на денешната прес конференција во Скопје најави дека ОДИХР од земјите членки на ОБСЕ/ОДИХР побара да обезбедат 300 краткорочни набљудувачи кои во земјава ќе допатуваат неколку дена пред денот на изборите.

Амбасадорот Петерсен информираше дека денеска со средбата во МНР, а потоа и со состанок со членовите на ДИК, мисијата на ОДИХР ги започнала средбите со претставници неофицијалните државни институции, а ќе се сретнат и со кандидати, политички партии, припадници на граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница во земјава.

Исто така, информираше дека во набљудувањето на изборите ќе им се приклучат и членови на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Петерсон одговарајќи на новинарски прашање во врска со тоа како ќе постапи ОДИХР доколку изборите не се одржат на 5 јуни, рече дека мисијата во земјата е дојдена на покана на МНР и оти изборите се закажани за 5 јуни и засега нема причина да биде поинаку, но доколку се случи нешто и тоа ќе биде земено предвид.

XS
SM
MD
LG