Достапни линкови

Аневски не ѝ ги дава „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“ на Јанева


Советот на јавни обвинители нема да ѝ ги предаде предметите „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“, на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, по завршувањето на седницата, изјави дека предметите „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“ нема да му бидат предадени на СЈО, затоа што предметите се веќе во постапка на Основното јавно обвинителство и во Обвинителството за гонење организиран криминал. Тој изјави дека никој не ѝ оспорува на Јанева да отвори нови истраги, но рече дека СЈО е надлежно само за предмети кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 2008 до 15 јуни 2015 година. Аневски информира дека Јанева го известила Советот дека нема да доаѓа на седници и со тоа, како што оцени, покажала непочитување на Советот за јавни обвинители пред кого има обврска да одговара.

XS
SM
MD
LG