Достапни линкови

Утре почнува летното сметање на времето


Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред утре во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето. Часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад

XS
SM
MD
LG