Достапни линкови

СДСМ најави укинување на екстерното оценување


Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов изјави дека Владата предводена од СДСМ ќе го укине екстрното тестирање во првите 100 дена. Тој ова го кажа денеска додека беше помеѓу граѓаните на Македонски Брод со кои разговараше за секојдневните проблеми со коишто тие се соочуваат.

- Новата влада предводена од СДСМ во првите 100 денови ќе го укине екстерното образование, и ќе ги растерети професорите, учениците и родителите. Ќе го намалиме бројот на програмски содржини и предмети, а на децата ќе им обезбедиме и поквалитетни учебници и нивна дигитализација. СДСМ ќе работи за подобрување на образовниот процес, да се изедначиме со земјите од Европката Унија и со тоа да ставиме крај на хаосот што го остави оваа власт, рече Атанасов.

XS
SM
MD
LG