Достапни линкови

logo-print

Мигрантите во Идомени почнуваат штрајк со глад


Во Идомени, во близина на грчко-македонската граница, бегалци и мигранти почнаа штрајк со глад и блокирање на патиштата, јавија грчки медиуми. Таму има 12 илјади луѓе од кои речиси половината се деца, објави грчкиот весник „Прото тема“.

Весникот наведува дека по повлекувањето на многу невладини организации од Идомени, нема кој да се грижи за здравјето на бегалците и мигрантите кои престојуваат таму.

Доброволци тврдат дека хуманитарни организации, кои дошле на почетокот од неделава, не знаат што да прават. Колку повеќе бегалците знаат што се случило со договорот меѓу ЕУ и Турција, толку повеќе ескалираат тензиите.

Тензија се чувствува и во бегалските кампови во Неа Кавала, Поликастро и на островот Лезбос.

XS
SM
MD
LG