Достапни линкови

Нема издадени потврди за намера за барање право на азил


Илустрација.

Илустрација.

Изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање право на азил, ниту се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за право на азил.

Како што соопшти МВР, од 1 јануари 2016 до вчера се издадени потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 машки, 19.617 женски и 34.399 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 226 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија, 44.734, Авганистан, 26.546, и Ирак 18.337.

Во истиот период, до Секторот за азил, барање за признавање право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

XS
SM
MD
LG