Достапни линкови

logo-print

Најмоќните лидери во Иран со различни економски гледишта


Двајцата најмоќни ирански лидери ги презентираа нивните спротивставени ставови за економијата на земјата, во говори пои повод одбележувањето на персиската Нова Година на 20 март. Врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи повика на самостојност, додека претседателот Хасан Рохани рече дека соработката со другите земји е клуч за економски раст. Хаменеи рече дека странските инвестиции ќе помогнат само ако се употребат за развој на домашната индустрија на земјата. Во посебна порака емитувана веднаш после Хаменеи, Рохани рече дека „со соработката и напорите внатре во земјата и со конструктивен ангажман сос светот, нашата економија може да цвета и да се развива.“ Меѓународните санкции поврзани со иранската нуклеарна програма беа укинати во јануари по постигнувањето на историскиот договор меѓу Техеран и шесте светски сили.

Претходно претседателот на САД, Барак Обама рече дека придобивките од иранскиот нуклеарен договор се „непобитни“ иако се уште ќе треба време за луѓето да почнат да ги уживаат. Обама рече дека договорот овозможува Иран повторно да се приклучи на глобалната економија преку зголемена трговија и инвестиции, создавајќи работни места и можности за Иранците да ги продаваат нивните добра во целот свет. Обама изјави дека САД се уште имаа „длабоки разлики“ со Иран, но посочи дека земјите редовно разговараат по децении и тоа може да ги реши разликите.

XS
SM
MD
LG