Достапни линкови

Блокиран пристапот до Уставниот суд


Блокиран е пристапот до Уставниот суд на Македонија од страната на Mузејот на ВМРО. Неколку стотици демонстранти се сместени во шатори пред зградата на Уставниот суд. Тие дополнително го блокираат влезот на Судот. Бројот на луѓе кои себе си се нарекоа „бранители на институциите“ се зголемува, тие доаѓаат од пешачките зони околу Судот.

Седницата на Уставниот суд најавија дека ќе биде зад затворени врати. Здружението на новинари реагираше дека Уставниот суд со ваквата одлука го крши деловникот според кој седниците се јавни. Обезбедувањето не им дозволи на новинарите да влезат под оправдување дека имаат такви инструкции. Новинарите побараа да добијат на писмено кога е донесена одлука за затворање на седницата.

Уставниот суд на Македонија треба да решава за иницијативата за измени на Законот за помилување со кои на шефот на државата му се овозможува да помилува лица и за изборни нерегуларности и други кривични дела. Иницијативата за промени на Законот за помилување предизвика низа протести, а синоќа имаше и контрапротест.

XS
SM
MD
LG